Во ВМРО-ДПМНЕ се договориле во наредниот период да се договорат за враќање во Собранието

од desk4
250 прегледи

Иако новиот лидер Христијан Мицковски вчера рече дека денеска ќе соопштат дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратат во Собранието, сепак партијата денеска не донесе одлука.

Во партиското соопштение се наведува дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на координацијата одлучила во наредниов период да ги дефинира чекорите за натамошно делување.

-Одговорност на власта, односно мнозинството на СДСМ е да обезбеди нормално функционирање на Собранието. ВМРО-ДПМНЕ смета дека Република Македонија може да напредува само доколку законодавниот дом функционира во демократска атмосфера каде што ќе бидат создадени услови за учество на опозицијата и нејзино партиципирање во носењето на законите“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.