Во време на СДСМ беше ерес да се спомне македонски јазик и идентитет во Извештај, вели Мицкоски

од Nikola Popovski
156 прегледи

Дали ние испорачуваме за граѓаните или не испорачуваме – повторно влегувате во длабокото затоа што сите мерења на јавното мислење се спротивни на ова што вие го кажувате. Се додека испраќате пораки кои се спротивни на ова што го кажувате, ќе го намалувате рејтингот и ќе бидете под биолошкиот минимум, а ние како партија и коалиција ќе одиме нагоре, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница како одговор на прашање на пратеникот од СДСМ, Митко Трајчулески.

Мицкоски му порача на пратеникот дека политичка стратешка грешка беше кога „ве молевме да не го прифаќате тој (француски) предлог“. Влеговте во историска замка, додаде премиерот.

-Вие се прифативте – тоа што не им успеа на Батенберг, преку Јосиф, преку Сталин, преку Комунистичката раководство на Социјалистичка Бугарија, преку Тодор Живков, се прифативте. Тешко е се да смениме преку ноќ и за една година, но, ќе работиме да го менуваме. Во ваше време беше ерес да се спомне македонски јазик и идентитет во Извештај. Не знаеја што значи тоа. Вие прифативте, лажејќи во Парламентот, да ги асимилирате Македонците. Ние тоа нема да го направиме, истакна, меѓу другото, Мицкоски од собраниската говорница.