Во втората половина на месец март ќе почне бесплатен превоз за пензионери, информираше градоначалничката Данела Арсовска .
-На штета на граѓаните никогаш нема да се настапува. Јас верувам дека директорот на ЈСП Скопје кој го најде претпријатието во девастирана состојба и се соочува со бројни опструкции, тоа што го ветил и кажал, а што е поминато на седница на Совет,ќе го реализира токму тоа што го кажал, ќе го реализира. Во втората половина на месец март ќе почне бесплатен превоз за оваа категорија граѓани, вели Арсовска.