Во Загреб уапсен македонски државјанин, ограбувал обложувалници и таксисти

од Vladimir Zorba
51 прегледи

Полицијата во Загреб ги фати сторителите на серијата грабежи на спортски обложувалници и таксисти што ги извршиле во последните месеци.

Уапсени се државјанин на Северна Македонија (25) и хрватски државјанин (23), додека другиот 23-годишен хрватски државјанин се уште е во бегство. Оваа група е осомничена за повеќе од 30 кривични дела разбојништво, кои траеле од почетокот на октомври до 5 декември, соопшти загрепската полиција.

Според информациите од полицијата, осомничените пристигале со изнајмени или позајмени автомобили, најчесто во парови, маскирани со медицински маски. Вооружени со пластични пиштоли, влегувале во обложувалници и им земале пари на вработени жени со закани.

За еден ден можеле да извршат дури пет разбојништва по ред, по што би правеле мала пауза, а потоа да ги повторувале кривичните дела.

Освен обложувалниците, не ги штедел ниту таксистите. Ќе нарачале возења, а кога ќе дошол возачот, му се заканувале со пиштол, нож или гумена палка и ќе му ги земеле парите.

Од десетте нападнати таксисти, дури седум се странски државјани кои работат во Хрватска со работни дозволи.

Слични содржини