Според предвиденото, денес во Законодавниот дом се предвидени да продолжат расправите на три седници, 20., 25. и 29. седница.
Само една точка и тоа Предлог-законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој- Светска банка за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, по скратена постапка, ќе биде дел од дневниот ред на 20. седница.
На дневен ред на 25. седница се Предлог-законот за задолжување со заем кај Европската банка за обнова и развој за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството, поднесен од група пратеници, сите по скратена постапка.
На продолжението на 29. седница, пратениците ќе дебатираат за Предлог-законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за унапредување на основното образование, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за библиотеките и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законoт за заштита на културното наследство, сите по скратена постапка.
Покрај тоа, во Собранието ќе заседава и Законодавно-правна комисија.