Во затворската казна му е засметано и времето поминато во притвор, велат од Кривичниот суд за Миле Јанакиески

од Nikola Popovski
583 прегледи

Во однос на, како што велат, непотврдените информации кои викендов беа лиферувани во јавноста во однос на обвинетиот Миле Јанакиески кој по правосилна пресуда врз основа на признание за вина за предметот „Титаник“ е спроведен на издржување на казната затвор, Основниот кривичен суд ја информира јавноста дека во донесената пресуда врз основа на признание на вина со КОК. бр. 7/18 како и во решение на Апелациониот суд – Скопје со кое се потврдува првостепената пресуда, но и во наредбата за спровод од судијата за извршување санкции е наведено дека во досудената казна затвор се засметува времето поминато во притвор, односно од 14.11.2018 година до 26.02.2019 година како и времето поминато во куќен притвор сметано од 28.02.2022 година до започнување со издржување на казната затвор на 06.07.2023 година, односно околу една година и девет месеци.

-Што значи дека во пресудата веќе е пресметан притворот и куќниот притвор за конкретниот предмет, а согласно и со  Коментарот на Кривичниот законик на академик Владо Камбовски (стр. 485 и 486) :

Поимот на секое лишување од слобода го опфаќа и притворот, како и казната или мерката на безбедност што се состои во лишување од слобода за истото дело, издржана во странство….(чл. 121)….

….Во сите случаи е потребно притворот и издржаната казна или мерка за безбедност да се во врска со казненото дело за кое на сторителот му е изречена казна.

Што се однесува до барањето за Вонредно преиспитување на пресудата, истото, по истекот на сите Законски утврдени рокови за достава на пресудата до останатите обвинети за кои Второстепениот суд ја потврди пресудата донесена врз основа на признание на вина, ќе биде комплетиран и доставен во Врховниот суд на РСМ, како надлежен суд за одлучување по барањето, стои во соопштението на Кривичниот суд.

Неколкумина правни експерти, на кои им се приклучи и претседателката на „Транспаренси“ Слаѓана Тасева, сметаат дека на Јанакиески судот треба да му ги спои сите изречени мерки притвор и тие да му се засметаат во три и полгодишната затворска казна за случајот „Титаник“.

Слични содржини