Нудиме законски можности секој да си го најде своето место. Креираме за сите, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи одговорајќи на новинарско прашање во врска со увозот на работна сила во земјава.
Според него, „прејудицирањето дали се Пакистанци или Македонци кои се враќаат, е констатација на некого“.
-Ако одите во Завод за вработување и прашате, веќе 3000 и нешто од квотата 5000 е затворена. Додека ние дискутираме, приватниот сектор веќе ги наоѓа решенијата. Јавната расправа се одвива. Подобро да ја видиме, да сме спремни, отколку само да оставиме само стихијно да се случува, додаде Битиќи.
Недостатокот на работна сила во градежништвото, туризмот и хотелиерството ќе се надокнадува со увоз на работници од странство. Проценка е дека недостасуваат околу 10.000 работници во земјата.