Во земјотресот загинаа капитенот на ракометната репрезентација на Турција и неговиот син

од Radmila Tasevska
213 прегледи

Капитенот на турската ракометна репрезентација Џемал Кутахја и неговиот син Куаинар Кутахја загинаа како последица на разорните земјотреси што минатата недела ги погодија јужните региони на Турција, јавува Анадолија.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала во понеделникот ги погодија јужните делови на Турција со епицентар во Караманмараш, а бројни спасувачки екипи сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите, пишува Sport Club.

„Со длабока тага ја дознавме веста за смртта на нашиот драг Џемал Кутахја, капитенот на нашата машка ракометна репрезентација и неговиот син Куајнар, кои беа закопани под урнатините на куќата во која живееја во Антакија, соопшти Турската ракометна федерација (ТХФ).

Изразувајќи сочувство до семејството на Кутахја, од ТХФ изјавија дека ќе направат се за неговото име и придонес во спортот никогаш да не бидат заборавени.

„Ти благодарам за сè што и дадовте на нашата земја, Џемал. Среќни сме со вас, нема да ве заборавиме“, се вели во соопштението.

Претседателот на ТХФ Угур Килиќ на својот Твитер изјави дека Џемал Кутахја бил човек и спортист со големо срце и капитен во вистинска смисла на зборот.

„Го прегрна својот син, отиде во рајот. Многу ми е жал. Сè уште не сме ги нашле сопругата и свекрвата на Џемал. Работиме на тоа“, рече Килиќ.

Слични содржини