Во земјава ќе пристигне и вакцината на „Џонсон и Џонсон“

од Берта Китинска
320 прегледи

Во земјава наредниот период треба да пристигне и вакцината против Ковид-19 од производителот „Џонсон и Џонсон“ која ќе биде донација од  Данска најави министерот за здравство Венко Филипче.

Очекуваме овие денови и официјално Данска да ја објави донацијата од 250 000 вакцини од производителот „Џонсон и Џонсон“. Тоа е вакцина која има рок до 2023 година и ни помага да ги планираме количините вакцини за следната година, изјави Филипче.

Слични содржини