Македонија секоја година губи околу 24,8 милиони долари по основ на ненаплатен данок или даночна евазија. Тоа е колку годишна плата на 3.452 медицински сестри во земјава, покажува анализата на Tax Justice Network за оваа година, цитирана од „БизнисИнфо“.
На глобално ниво, земјите годишно губат над 427 милијарди долари по основ на неплатен данок, што е еднакво на платите на околу 34 милиони медицински сестри. Со други зборови, во светот во секоја секунда се затајува по една годишна плата на медицинска сестра.
Од земјите во регионот, најмногу данок се затајува во Грција (353,7 милиони долари годишно). По нејзе најголеми неплаќачи на данок се: Црна Гора (106 милиони долари), Словенија (97 милиони долари) Србија (69,2 милиони долари), Албанија (43,4 милиони долари), Босна и Херцеговина (17,4 милиони долари) и Хрватска (11,8 милиони долари).