На територијата на земјава има седум пожари коишто се локализирани, а потоа изгаснати и не се големи шумски пожари По еден пожар бил регистриран околу градовите Скопје, Охрид, Крушево и Неготино, а четири такви на нискостеблести растенија и трева имало околу Битола, информира Илија Бојаровски од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на денешната прес-конференција.
–Со оглед на состојбата со бројот на пожарите на отворен простор, како и поволната хидрометеоролошка ситуација, Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК препорача на Владата да донесе одлука за укинување на забраната за движење во шуми, донесена на 3 август. Тоа вчера и се случи, па Владата донесе одлука за укинување на забраната за движење во шума која беше донесена согласно предлогот на Министерствот за земјоделство, потсети Бојаровски.
Тој истакна дека Главниот штаб за управување со кризи се уште ја следи и ја координира состојбата со пожарите, а силите од системот за управување со кризи се во постојана подготвеност за активирање на барање на штабот.