ВО ЖИВО: Борис Џонсон поднесе оставка

од Stefanija Kuzmanovska

Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон се согласи да поднесе оставка на местото лидер на конзервативците.

Тој ѝ се обрати на јавноста и потврди дека се повлекува од раководството на партијата.

Тој најави и поддршка за Украина во нејзината конфронтација со Русија.

Џонсон ќе остане премиер до есен, објавија медиумите, додавајќи дека трката за лидер на Конзервативната партија ќе се одржи летово. Се очекува нов премиер да биде именуван на конференцијата на Ториевците во октомври.

Оставките во владата на премиерот Борис Џонсон се нижат со денови, а последни по ред се оставките на уште тројца министри.

Инаку, владата на Борис Џонсон досега ја напуштија повеќе од 50 владини претставници, меѓу кои и пет министри.

Слични содржини