(ВО ЖИВО) Демонстрантите упаднаа во Капитол Хил, евакуиран Пенс: „Ова е обид за пуч“

од Stefanija Kuzmanovska
331 прегледи

Капитол Хил во Вашингтон е евакуиран поради напнатата ситуација, односно судирот меѓу демонстрантите и полицијата пред зградата, пренесуваат американските медиуми.

Според Си-Ен-Ен, демонстрантите, во меѓувреме, ги пробиле полициските сили пред зградата на Капитол Хил, која е евакуирана.

За потсетување, во тек е седница на Конгресот, на која се потврдуваат гласовите на Изборниот колеџ за претседател и потпретседател на Соединетите Американски Држави.

Според американските медиуми, потпретседателот на САД, Мајк Пенс, кој ја водел седницата, бил евакуиран во придружба на обезбедувањето. Седницата, пак, беше прекината поради упадот.

Полицијата во Капитол Хил соопшти дека демонстрантите влегле во зградата и бараат засилување за да ги задржат демонстрантите. Американските медиуми тврдат дека пред зградата има неколку „сомнителни уреди“.

Во меѓувреме, се огласи синот на Доналд Трамп, Доналд Трамп Јуниор, кој ги критикуваше демонстрантите.

„Ова не сме ние“, коментираше Трамп Јуниор.

Републиканскиот конгресмен Адам Кинзигер рече дека ова е „обид за пуч“.

 

 

Слични содржини