(ВО ЖИВО) Пречек на Фон дер Лајен пред Владата со највисоки државни почести

од Берта Китинска
160 прегледи

Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен попладнево пристигна во Скопје.

Фон дер Лајен, со денешната посета на Скопје ја започнува нејзината турнеја низ земјите на Западен Балкан, во чии рамки ќе оствари средби со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, и со претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Заедно со премиерот Ковачевски, таа ќе присуствува на потпишувањето на Договорот со Фронтекс, во Владата, од страна на чешкиот амбасадор како претставник на чешкото претседателство со Советот на ЕУ и комесарката Јохансон, во име на Европската Унија (ЕУ), и од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во име на Северна Македонија.

По потпишувањето на договорот ќе следи прес-конференција на премиерот Ковачевски и претседателката Фон дер Лајен во прес-центарот на Владата.

Пречекот на платото пред Владата во живо може да се проследи на линкот во продолжение.