ВО ЖИВО: Прес-конференција на Зоран Заев од Собранието

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Следете ја во живо прес-конференција на Зоран Заев од Собранието од преносот на НОВА.

 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција од Собранието, денеска потенцираше дека сите реплики и контрареплики, на како што рече, новата опозиција – ВМРО-ДПМНЕ, за Тиранска платформа, двојазичност, кантонизација се неточни.

– Сето ова што го слушавте во репликите на ВМРО-ДПМНЕ е лага. Сакам јавно да повторам дека лага е дека ќе се менува Уставот, дека ќе се носат закони спротивни на Уставот, дека ќе се менува името и идентитетот на Македонија, дека ќе се менува знамето, грбот или химната. Лага е дека ќе се прогласи македонскиот народ за геноциден, изјави Заев.

Тој потенцираше дека демократските процеси бараат трпение, посветеност и грижа за интересите на државата и совест, а од изборите до денес, домашната и меѓународната јавност веќе го видел лажниот патриотизам на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и партијата, и дека нема сомнеж дека тие само не сакаат да ја предадат власта.

Заев тоа го спои со одговорноста на функционерите од Владата која ја водеше Груевски, и рече дека на суд ќе се оди толку често колку што има сомневања за криминал, а тоа како што потенцираше тој, важи за сите, како за него, така и за Груевски.

Според него партиите имаат свои почетни позиции, но веќе постои финален документ што ја штити унитарноста на Република Македонија./НОВА