Во живо: Свечен пречек на австрискиот канцелар, Себастијан Курц

од desk4
380 прегледи

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/299099160901087/

 

 

Курц: Македонија е на историска пресвртница, поддршка за референдумот (видео)

 

Според агендата  австрискиот канцелар Себастијан Курц и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, по разговорите  ќе одржат заедничка прес-конференција.

Курц во Македонија доаѓа на покана на премиерот Зоран Заев, кој пред референдумот има покането и неколку други европски лидери.

При последната посета на Заев на Виена, на крајот на јуни, Курц чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, упати апел до граѓаните на Македонија на референдумот да гласаат за прифаќање на Договорот со Грција што ќе го отвори патото кон Унијата и НАТО.

– Договорот околу името на државата со Грција е одлучувачки напредок во процесот на приближување на Македонија до ЕУ, истакна Курц.

Во пресрет на референдумот на 30 септември, вчера во Македонија беа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и министерот за надворешни работи Жан Аселборн, а утре на Денот на независноста доаѓа германската канцеларка Ангела Меркел.