Во Ѓорче Петров 140 милиони денари за капитални инвестиции, најави Мицкоски

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека нивниот градоначалник во општина Ѓорче Петров во првата година инвестирал 50 милиони денари за развој.

– Свесен сум дека мора уште повеќе и уште подобро. Затоа оваа година ќе се инвестираат нови 140 милиони денари за капитални инвестиции. Општина Ѓорче Петров ќе добие нов и прв регионален центар за рехабилитација на деца кои се избориле со карцином, навистина важен проект. И ќе се реализираат многу други проекти. Работата е тоа што го одликува ВМРО-ДПМНЕ. Чесно и одговорно да покажеме дека има надеж и дека во општините победуваме така што решаваме проблеми. За заедничка иднина, за развиени општини Промените на дело, изјави Мицкоски.