ВОА: Состојбата на Косово е најголемиот безбедносен предизвик од погромот врз Србите во 2004 година

Активностите на властите во Приштина и понатаму претставуваат најголема безбедносна закана за Република Србија и Србите во земјата, вели директорот на Воено-разузнавачката агенција (ВОА)

од Бети Божиноска
203 прегледи

Воено-разузнавачка агенција вложува најмногу време и енергија во собирање информации за се поагресивниот албански фактор, истакнува генерал-мајор Зоран Стојковиќ.

Активностите на властите во Приштина и понатаму претставуваат најголема безбедносна закана за Република Србија и Србите во земјата, вели во интервју „Одбрана“ српскиот генерал-мајор Зоран Стојковиќ, директор на Воено-разузнавачка агенција (ВОА).

„Иако безбедносните структури на Приштина не претставуваат значаен предизвик за војската на Србија, нивното постојано опремување со модерно оружје и обуката што ја поминуваат припадниците на тие формации укажуваат дека оваа закана ќе биде присутна во наредниот период,“ предупредува Стојковиќ.

Искусниот разузнавач со повеќе од две децениско искуство посочува дека враќањето на конвенционалните конфликти на светската сцена доведе до забрзување на процесот на вооружување во регионот, а прашањата за верската радикализација и за активностите на терористичките групи, исто така, остануваат истакнати задачи на агенцијата.

Стојковиќ додава дека ВОА вложува најмногу време и енергија во собирање информации за, како што вели, се поагресивниот албански фактор.

„Имајќи го предвид странското присуство, традиционалната затвореност на албанските заедници, како и најсериозната ескалација на безбедносната ситуација од погромот врз српското население во 2004 година, ангажиравме значителни разузнавачки ресурси во таа област. Секој ден е сè потешко за српското население бидејќи основната стратегија на Приштина постојано ги зголемува тензиите и создава услови за етнички чисто Косово. што Република Србија никогаш нема да го дозволи“, прецизира директорот на ВОА.

Генерал-мајор Стојковиќ исткнува и дека во службата нема место за луѓето што не го носат Косово во своите срца и кои не живеат за денот кога српската тробојка повторно ќе се вее слободно насекаде низ јужната српска покраина.

Тој вели дека Србија е воено-неутрална земја на мета на разузнавачите од од истокот и од Запад.

„Во околности кога за секое прашање се бара да изберете страна во истиот миг, секој потег на државата што сака да води независна политика будно се следи,“ заклучува Стојковиќ.