Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет

од Nikola Popovski
295 прегледи

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 04.09.2023 до 07.09.2023 земал 154 примероци за физичко-хемиска и 154 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во град Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Слични содржини