Водечкиот истражител на авионската несреќа која се случи во Русија во 2010 година, во која загина тогашниот полски претседател Лех Качински, изјави дека авионот се распаднал во воздух пред да падне на земјата крај Смоленск.

Тврдењето беше објавено денеска, кога Полјаците ја одбележаа седумгодишнината од несреќата во Русија, во која загина претседателот Лех Качински и уште 95 водечки полски државници.
Владејачката во Полска партија “Право и правда”, предводена од Јарослав Качински – брат близнак на загинатиот претседател, одамна тврди дека несреќата не е инцидент.
Полскиот министер за одбрана Антони Мачеревич, кој смета дека несреќата е плод на полско-руските заговор, минатиот месец го обвини поранешниот полски премиер и актуелен претседател на Европскиот совет, Доналд Туск за “дипломатско предавство” поради претходната истрага за несреќата.
Откако ја освои власта во 2015 година, “Право и правда” иницира нова истрага за инцидентот, кој руски и полски иследници ја окарактеризираа као плод на човечка грешка и лошите временски услови.
“Авионот почнал да се распаѓа и да губи свои делови во воздухот; тие паѓале на земјата далеку од несреќното брезово дрво … Дрвото нема врска со несреќата “, рече за TVP Info Вацлав Берчински, кој е на чело на тимот од полски истражители.
Берчински рече дека инспекторите сновале заклучок врз анализа на разговор меѓу полските пилоти и руските авиодиспечери на земјата. Претходната анализа заклучи дека несреќата делумно се должи на тоа што крилото на авионот закачило гранкие на дрво во близина на пистата.
Полските обвинители рекоа претходно овој месец дека фрагменти од авионот биле испратени на четири лаборатории за проверка за траги од експлозив.
Минатата недела обвинителите соопштија дека врз основа на повеќето нов анализа на доказите ќе ги обвинат авиодиспечерите дека “свесно предизвикале несреќата”, теорија која Кремљ веднаш јао отфрли.
Полските обвинители веќе покренаа во 2015 обвинение против двајца руски авиодиспечри: на едниот за тоа што е “директно одговорен за загрозување на воздушниот сообраќај”, а вториот – за “ненамерно предизвикување воздушна катастрофа”.
Полските судски власти ги ексхумираа останките на жртвите, за да ја утврдат причината за смртта. Варшава постојано бара од Москва да ги врати остатоците од авионот, но Русија вели дека тоа ќе го направи, дури кога заврши својата истрага.
Несреќата се случи додека претседателска делегација патуваше за церемонијата во Русија во Катинската шума, каде во 1940 година советската тајна полиција уби илјадници полски офицери и тоа Кремљ го негираше се до 1990 година.