Водечкиот американски епидемиолог: Примете ја било која вакцина

од Nikola Popovski
122 прегледи

Водечкиот американски експерт за заразни болести, епидемиологот д-р Ентони Фаучи, денес изјави дека треба да се прими каква било вакцина против коронавирус што е достапна, без оглед на тоа за која станува збор.

Тој рече дека фактот дека третата вакцина против коронавирус ќе биде достапна во САД е „само добра вест“ и дека ќе помогне во контролата на пандемијата. Американското регулаторно тело вчера објави дека вакцината на компанијата „Џонсон и Џонсон“, која се дава во една доза, обезбедува силна заштита од тешката форма на коронавирус. Се очекува наскоро американската администрација за лекови (ФДА) да ја одобри.

Фаучи ги предупреди луѓето да не одложуваат со примањето на вакцината Џонсон и Џонсон, за да чекаат да ја земат малку поефикасната вакцина Фајзер или Модерна.

Тој рече дека колку подолго се чека со вакцинацијата, толку се поголеми шансите вирусот да развие нова варијанта или мутација. Американскиот експерт истакна дека службениците во јавното здравство секогаш се загрижени за мутации на вирусот и ја истакна важноста од спроведувањето мерки, како што се носење маски и социјално дистанцирање.

Најчестиот мутиран вид на коронавирус што се јавува во САД е британскиот. Фаучи рече дека вакцините што се дистрибуираат во САД можат јасно да го потиснат тој посебен вид.

Слични содржини