Водечкиот шведски епидемиолог Андерс Тегнел продолжува да одбива да препорачува заштитни маски и предупредува дека е „многу опасно“ да се потпирате на нив.
„Многу е опасно да се верува дека маските за лице би ја промениле играта кога станува збор за КОВИД-19“, изјави Тегнел за „Фајненшал тајмс“.
Тој објасни дека маските можат да бидат додаток на други работи ако се доволно безбедни.
„Но, да се има маски за лице и потоа да се мисли дека може да пополните автобуси или трговски центри е дефинитивно грешка“, рече Тегнел, кој е главен автор на стратегијата на Шведска за борба против коронавирусот, што не предвидува рестриктивни мерки, пренесува Business Insider.
Тој ги наведе Белгија и Шпанија како примери, кои препорачуваат носење маска и сè уште има голем број на луѓе заразени со вирусот на корона.
Тегнел претходно рече дека бројот на заразени лица во Шведска брзо опаднал од почетокот на јули.
Додаде дека падот на бројот на новозаразените веројатно не е поврзан со одморите или некоја мерка преземена од здравствените власти.
„Веруваме дека зголемувањето на бројот на имуни луѓе кај населението има врска со тоа, но навистина не знаеме точно“, рече тој.
Тој верува дека намалувањето на бројот на случаи на коронавирус во јули во Шведска покажала дека нивната стратегија, според која повеќето од строгите мерки воведени од повеќето земји беа избегнати, успеа на некој начин.
„Бројките во Шведска покажуваат дека може да има брз пад на бројот на случаи без затворање“, заклучи тој.
Во Шведска досега се заразени 86.068 лица, а како резултат на вирусот починале 5.810 луѓе.