Водечките европски банки стравуваат од руско-украински конфликт: се трупаат ненаплатени долгови

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Банките во Европа се плашат да не станат жртви на потенцијалната ескалација на руско-украинскиот конфликт.

Италијанската „Unicredit“ банка поради тоа се откажа од планираното преземање во Русија, а австриската „Raiffeisen International“ банка издвои резервации поради ризикот од можни западни санкции кон Русија.

Она што банките во Европа сега најмногу се плашат е дека на Русија ќе и биде забранет пристапот до меѓународно користениот платен систем SWIFT, изјавија банкари за Ројтерс. Еден од нив смета дека ваквиот потег би бил како „атомска бомба“ за банкарската индустрија, бидејќи би го спречил враќањето на долговите.

За потсетување, SWIFT (Society for Worldwide Interbank Financial Telecommunication) е мрежа со висока безбедност која поврзува илјадници финансиски институции ширум светот.

Според британската агенција, поради кризата која не покажува знаци на попуштање, „во прашање се“ огромните побарувања на европските банки од клиентите во Русија. Банките во Италија, Франција и Австрија се најекспонираните меѓународни кредитори кон Русија во светот.

Според Банката за меѓународни порамнувања (БМП), италијанските и француските банки имале ненаплатени побарувања од Русија во третиот квартал од 2021 година во износ од околу 25 милијарди долари. Австриските банки имаа 17,5 милијарди долари ненаплатени долгови, а американските 14,7 милијарди долари.

Најизложени на ризик од санкции се европските банки кои имаат филијали во Русија, покажува истражувањето на „JPMorgan“. Студијата на таа инвестициска банка издвојува неколку банки со значителна изложеност кон Русија, меѓу кои „Unicredit“, „Raiffeisen International“, француската „Societe Generale“ и холандската „ING Bank“.

Од австриската „Raiffeisen“, велат дека изложеноста на ризик е под контрола, а од „ING Bank“ истакнуваат дека се добро подготвени. Од Societe Generale банка наведуваат дека внимателно го следат развојот на настаните и дека се уверени во нивниот бизнис во Русија.
„Unicredit“ не одговори веднаш на барањето на „Ројтерс“ за коментар.

Слични содржини