Глобален договор е неопходен за да се заштитат земјите од пандемијата на коронавирус, објавија денес водечките светски лидери.
Заедничкото писмо, потпишано од, меѓу другите, премиерот на Велика Британија Борис Џонсон, претседателот на Франција Емануел Макрон и канцеларката на Германија Ангела Меркел, предупредува дека „никој не е безбеден се додека сите не бидат безбеден “, објави „Гардијан“.
На светот му треба глобален договор за борба против пандемијата со цел да ги заштитат земјите по пандемијата, а договорот би бил сличен на оној склучен по Втората светска војна, изјавија Борис Џонсон и уште некои лидери.
„Поради ескалацијата на меѓународните тензии околу набавката на вакцини, ги повикуваме државите да стават крај на изолационизмот и национализмот и да создадат нова ера во која ќе преовладуваат принципите на солидарност и соработка“, стои во писмото, зад кое стојат 24 држави.