Водени топови, шок-бомби и куршуми кон демонстрантите во Белорусија (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Десетици илјади демонстранти денеска излегоа на улиците на Минск и другите градови во Белорусија, во знак на протест против претседателот Александар Лукашенко. Полициските вооружени сили привеле повеќе од 250 луѓе, а користеле водени топови, гумени куршуми и шок-бомби за да ги растераат демонстрантите.

На повик на опозицијата, граѓаните на Белорусија протестираа по 36 пат против резултатите од претседателските избори, на кои победи Лукашенко со над 80 проценти од гласовите.

Полицијата беше брутална и кон жените, не дозволувајќи голем број демонстранти да се соберат на истото место.

Граѓаните протестираа не само во Минск, туку и во Брест, Гомел и други градови.

Во Брест, полицијата употреби водени топови, гумени куршуми и шок-бомби за да ги растера демонстрантите и да ги задуши едномесечните масовни протести.

Да потсетиме, десетици илјади луѓе се собираат на демонстрации повеќе од еден месец и бараат оставка од Лукашенко.

Протестите продолжуваат и покрај насилното сузбивање на демонстрациите во првите денови по изборите, кога полицијата уапси скоро 7.000 лица и повреди стотици со гумени куршуми, шок-бомби и палки. Најмалку пет лица беа убиени.

Инаку, белорускиот лидер Александар Лукашенко утре заминува за Москва, каде ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Слични содржини