Водителите го налутија Луис: Не се враќам таму

430 прегледи

Поранешниот член на бендот One Direction, Луис Томлинсон, рекол дека веќе никогаш нема да се појави во емисијата „BBC Breakfast“ откако го вознемириле одителите Ден Вокер и Луис Минчин. Музичарот моментално го претстави својот нов албум Walls, но водителите фокусот на емисијата го ставиле на смртта не неговата мајка и сестра и историјата за бендот.

Иако интервјуто започнало на убавата страна, на Луис очигледно му станало незгодно кога Ден го прашал како пристапува на пишувањето мести откако мајка му починала пред две години, а сестрата минатата година.

– Дефинитивно не се враќам таму! Ги сакам своите обожаватели кои секогаш ми го чуваат грбот – напишал Луис на Твитер по емисијата, а на тоа му одговорил и водителот Ден.

– Жал ми е што така си се почувствувал. Беше убаво да се разговара со тебе изутринава, но можам ли да те прашам зошто си лут? – го прашал Ден.

– Вознемирен сум бидејќи постојано ме испрашувавте за мојата болка. Се разбира дека ми е тешко ако изгубам личност со која сум близок. Најмалку што барам е да ја почитувата мојата одлука дека не сакам да разговарам за нешто толку болно – рекол Луис.

На тоа, Ден му одговорил:

– Те прашавме за новата песна на албумот посветена на твојата мајка. Знам дека е болно, поради што не се задржавме на тоа. Немаме намера да те вознемирме.

Слични содржини