Водителот Пирс Морган: Поради Меган Маркл добивам смртни закани

од Stefanija Kuzmanovska
385 прегледи

Пирс Морган тврди дека тој и неговите синови добиваат смртни закани откако ја обвини Меган Маркл дека лажела за време на интервјуто со Опра Винфри.

„Моите три синови ми кажаа дека тие исто така биле на мета и ми испратија снимки од насилни закани упатени кон нив“, изјави поранешниот водител за Mail on Sunday.

„Пораката која ја добија моите синови гласеше: Кога татко ти ќе умре, светот ќе приреди забава“, тврди Морган.

„Еден од нив вети дека ќе ме убие пред синовите Спенсер, Алберт и Стенли“, додаде поранешниот водител.

Лондонската полиција за „Индипендент“ потврди дека ги испитува заканите.

Поранешниот уредник нагласува дека неговите синови не се занимаваат со Меган Маркл и дека тие не го делат неговото мислење за војвотката од Сасекс.

Морган призна дека му е жал што ја напушти емисијата Good Morning Britain за време на расправијата за интервјуто на Меган и Хари со Опра.

„Кога ќе размислам, не требаше да го сторам тоа“, напиша тој.

Меѓутоа, тој додаде дека услов да остане на позицијата водител на шоуто е да ѝ се извини на Меган, што не сака да го стори.

„Па, не сакав да ѝ се извинам на Меган Маркл, бидејќи вистината е дека не ѝ верувам“, напиша Морган.

Слични содржини