376
Градоначалникот Шилегов на својот Фејсбук профил објави фотографии од изградбата на втората планинска велосипедска патека што се изведува на Водно, откако лани во октомври беше пуштена во употреба нагорната патека, сега се изведува и надолната “flow” патека, со што велосипедистите ќе можат да се качат до Средно Водно и да се симнат без да имаат контакт со пешаците.
-Во тек се завршните работи на надолната “flow” велосипедска патека од Средно Водно до Скопје !Скопје, една поинаква приказна !, напиша Шилегов.