Водостојот на езерото Каховка забрзано опаѓа, се стравува од катастрофа

од Stefanija Kuzmanovska

Падот на водостојот на вештачкото езеро Каховка, по експлозијата на браната на истоимената хидроцентрала, се забрза до 35 сантиметри на час, соопшти денеска рускиот функционер на регионот Запорожје, Владимир Рогов.

Тој додаде дека нивото на водата паднало за 2,5 метри, а се очекува да падне и до 7 метри, што е последица од експлозијата на хидроцентралата Каховка, пренесува „Ројтерс“.

Бидејќи дел од водата за ладење за нуклеарната централа Запорожје се испорачува од вештачкото езеро Каховка, зголемен е стравот од катастрофа во најголемата европска нуклеарна централа, која е на првата линија на конфликтот меѓу Русија и Украина, додава агенцијата.

Слични содржини