23
Воен дрон бил откриен и уништен утрово на плажата „Хармани“ кај Созопол, соопшти бугарското Министерство за одбрана.
Случајот го пријавиле летувалци, кои го виделе дронот околу 8 часот утрово. На местото првин пристигнале полицајци, кои го оградиле просторот, по што набргу се повикани воени деминери.
Околу 11.30 часот беспилотното летало, за кое бугарското Министерство за одбрана не открива дали е руско или украинско, било уништено во контролирана експлозија.
Според оштетувањата на телото и нафатените школки, може да се констатира дека дронот бил во вода неколку месеци.