Воен хеликоптер падна во град во Јапонија

од desk2

 

Јапонски воен хеликоптер се урна на згради во градот Канзаки, округот Сага на југот од земјата.

Причината за несреќата се уште не е позната. На снимката од телевизијата NHK се гледа густ чад како се издига од една населба.

На местото на несреќата се полицијата, брзата помош и пожарникари.

Во близина има и градинка, но директорот вели дека ни едно дете не е повредено.

Хеликоптерот AH-64D бил дел од единицата за самооодбрана на Јапонија.

Слични содржини