ВОЕНА ПАРАДА ВО РУСИЈА: Сè е подготвено за прослава на Денот на победата (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
487 прегледи

Русија традиционално го одбележува Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна со голема воена парада во Москва, но и во 28 други руски градови.

11.000 војници и 33 ешалони ќе продефилираат низ Црвениот плоштад во Москва, додека 77 борбени авиони и хеликоптери ќе летаат над нив.

Паради ќе се одржат и во 28 руски градови, а на нив ќе учествуваат околу 65.000 луѓе, 2.400 единици вооружување и повеќе од 460 авиони.

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад ќе се одржи во специфични околности поради руската воена операција во Украина, додека Западот со нетрпение го очекува обраќањето на Путин, кое е планирано за подоцна.

За време на СССР, Парадата на победата се одржуваше само на јубилејни годишнини, а од 1995 година се одржува секоја година.

Парадата на армијата и вооружувањето е секогаш на Денот на победата – 9 мај, освен во 1945 година, кога се одржа на 24 јуни и 2020 година, кога парадата беше преместена од 9 мај на 24 јуни поради пандемијата на коронавирус.

Тогашниот СССР загуби 27 милиони луѓе за време на војната, од кои 14 милиони цивили.

Слични содржини