Воена вежба на САД и Јужна Кореја, како предупредување за Пјонгјанг

од Vladimir Zorba
107 прегледи

   САД и Јужна Кореја почнаа заедничка воена вежба на воената морнарица во западен Пацифик, во кој учествуваат три американски носачи на авиони, а воени претставници вежбата ја оценуваат како „јасно предупредување“ за Северна Кореја.

Четиридневната вежба, што почнаа во близина на источниот брег на Јужна Кореја, се одржуваат за време на азиската турнеја на американскиот претседател Доналд Трамп, на која доминираат разговорите за нуклеарната закана од Северна Кореја.

– Најверојатно в понеделник на воената вежба ќе се приклучат и три американските носачи на авиони „УСС Роналд Реган“, „Теодор Рузвелт“ и „Нимиц“. Целта на вежбата е унапредување на комбинираните операции и воздушните напади и приказ на силната волја и одлучната воена подготвеност со доминантна воена сила, во случај на криза, да се порази секаква провокација од Северна Кореја, соопшти Генералштабот на јужнокорејската армија.

Како што соопшти Седмата флота на морнарицата на САД, првпат од 2007 година во близина на Гуам, активни се три американски носачи на авиони во западен Пацифик.

Американските носачи на авиони ќе учествуваат и во друга воена вежба  која почнува денеска, заедно со три јапонски носачи.