Поради војната во земјата нема да се одржи втората полусезона во Украинската фудбалска лига.
На состанокот што го одржаа клубовите во вторник, беше одлучено натпреварувањето да биде прекинато.
Сезоната ќе заврши без шампион, а конечниот пласман ќе биде како што беше на 24 февруари годинава.
Тогаш на првото место се најде Шахтјор од Доњецк со 47 бодови, втор беше Динамо Киев со 45, додека третото место го зазеде Днипро со 40 бодови.
Оваа одлука треба да биде одобрена од Фудбалскиот сојуз на Украина, а водечките екипи Шахтјор и Динамо следната сезона ќе ја претставуваат Украина во квалификациите за Лигата на шампионите.
🇺🇦 Season 2021/22 is over now
On April 26, they held a General Meeting of the UPL Clubs.
The clubs supported the proposal to end the 2021/22 League season as the championship cannot be completed. The table reflects the standings as of February 24, 2022. pic.twitter.com/4bKkzQzFfk
— FC SHAKHTAR ENGLISH (@FCShakhtar_eng) April 26, 2022