170
Енергетската стратегија ќе се менува. Ова го изјави Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања во ТВ21 во емисијата „Клик Плус“.
Битиќи кажа дека војната во Украина ќе донесе проблем во енергетиката, и дека се повеќе земји се решаваат за алтернативни решенија, па дури и враќање на некои ресурси од минатото.
„Енергетската стратегија во регионот се менува заради војната во Украина. Многу земји ја разгледуваат можноста дури и за враќање кон конзумација на јагленот и други алтернативни извори на енергија“, рече Битиќи.