Познатиот рок бенд „Пинк Флојд“ по долги години сними нова песна наречена „Hey Hey Rise Up“.
Дејвид Гилмор, Ник Мејсон, басистот Гај Прат и клавијатуристот Нитин Сони ја снимија песната поради актуелната војна во Украина.
„Hey, Hey Rise Up!“ е првата оригинална песна на Пинк Флојд од 1994 година и албумот „The Division Bell“.
Снимена е во соработка со Андриј Кливњук, пејачот на украинската група „Бумбок“.
Како што се наведува, членовите на бендот целиот финансиски приход од оваа песна ќе го донираат во Хуманитарниот фонд за Украина.
Минатиот месец Пинк Флојд повлече дел од својата музика од руските и белоруските музички платформи со цел да покаже солидарност со Украина.
„Се надевам дека ова ќе добие поширока поддршка и публицитет. Сакаме да собереме средства за хуманитарни добротворни цели и да го подигнеме моралот. Сакаме да ја изразиме нашата поддршка за Украина и на тој начин да покажеме дека поголемиот дел од светот мисли дека е сосема погрешно некоја суперсила да изврши инвазија на независна демократска земја како Украина“, рече Гилмор.