Војнеска: По 20 години повторно имаме одлични резултати во атлетиката и на тоа треба сите да сме горди

од Nikola Popovski

Севкупен пласман меѓу првите три клуба освоија АК Делта, Ак Работнички и АК Куманово на првиот ден од Купот на Македонија на сениори/ки во организација на Атлетска федерација на Македонија на националната арена „Тодор Проески“. На настанот вчера и денеска има натпревари во повеќе дисциплини и тоа трчање од 100 до 10.000 метри, како и на пречки, височина, далечина, трискок, фрлање на ѓуле, диск, копје.

– Би сакала на сите спортисти да им честитам што настапија затоа што во услови на Ковид имавме затворени стадиони и намалени можности за тренинзи така што тие постигнаа извонредни резултати. Инаку, имавме четири резултати кои се над 1000 бода во IAAF таблица, имавме трка над 400 метри во машка конкуренција каде првите шест учесници постигнаа одлични резултати после 20 години а сето тоа многу ме радува и ме прави горда како претседателка на Федерацијата. Денеска очекувам исто да се постигнат и други резултати во повеќе дисциплини и ќе биде радост за Федерацијата, клубовите и самите спортисти, а некои од нив ќе не претставуваат на претстојните меѓународни натпревари, истакна претседателката на АФМ, Александра Војнеска Зикова.

Слични содржини