Војските на Јужна Кореја и САД почнаа со пролетни вежби со двојно поголем број војници

од Vladimir Zorba

Војските на Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави денеска ги започнаа пролетните вежби со двојно поголем број војници во споредба со минатата година, соопштија официјални лица, додека двајцата сојузници се обидуваат подобро да се спротивстават на растечките нуклеарни и ракетни закани на Северна Кореја.

Вежбите наречени „Штитот на слободата“, закажани за 4-ти и 14-ти март, доаѓаат во време кога Северна Кореја продолжува да ги развива своите нуклеарни капацитети со тестирање ракети и друго оружје, според Ројтерс.

Тие исто така ќе бидат први откако Пјонгјанг го укина меѓукорејскиот воен договор од 2018 година.

Слични содржини