Војвотката заблиска во зелен фустан: Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во официјална посета на Ирска

446 прегледи

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам вчера ја посетија Ирска, каде се сретнаа со претседателот Мајкл Хигинсон и неговата сопруга Сабина.

Војвотката од Кембриџ за оваа прилика ибзра зелен фустан и капут, додекавојводата се одлучи за одело со зелена кравата.

На војводата и војвотката од Кембриџ ова им е прва официјална посета надвор од кралството по Брегзитот, а положија и венец во Градината на сеќавање посветена на сите кои ги дале своите животи за независност на таа држава.

https://www.instagram.com/p/B9R8KT1Fzix/

„Никогаш да не ги заборавите историските лекции и заедно да продолжиме да градиме бласкава иднина“, пишувало на венецот.

Инаку, оваа посета на Ирска е прва скоро десет години откако тоа го направи кралицата Елизабета и така влезе во историјата бидејќи тоа беше прва посета на земјата од страна на владеачки британски монарх.

https://www.instagram.com/p/B9SaPQcl3k-/

Слични содржини