Дефанзивецот на Манчестер Сити и Англија, Кајл Вокер, имаше специјално обраќање до симпатизерите на англискиот шампион, кој заостанува 11 бода зад актуелниот лидер во Премиер лигата, Ливерпул.
Искусниот дефанзивец и вети на „небесно синиот“ дел од градот дека тој и неговите соиграчи ќе ги надминат сегашните тешкотии.
„Знаеме дека нашите неодамнешни игри воопшто не беа според стандардите што ги очекуваме. Беше навистина тешко. Претходно сме ги надминувале овие предизвици. Заедно ќе го надминеме и ова. Важно е сите да останеме заедно како еден во овој тежок период за клубот. Вашата поддршка, без разлика дали е во добри или лоши времиња, ни значи се. Освоивме многу титули во последните кола од неколку сезони и создадовме историја со кампања каде стигнавме дури и до границата од 100 поени. Повторно покажавме дека можеме да прифатиме предизвици и ќе го сториме тоа уште еднаш. Ви ветувам дека ќе се бориме до самиот крај“, напиша Вокер на социјалните мрежи.