Вол Стрит крева раце од Трамп

од Vladimir Zorba
358 прегледи

Долго време, Вол Стрит беше измачуван од само две грижи во врска со претстојните претседателски избори во САД. Некои стравуваа од хаотично предавање на власта доколку американскиот претседател Доналд Трамп изгуби на изборите и ги доведе во прашање резултатите од изборите. Другите стравуваа од победата на демократите, кои со своите строги економски политики може да го загрозат растот на американските акции.

Долго време се чинеше дека Вол Стрит сака само реизбор на Доналд Трамп. Билансот на нејзиниот успех на пазарите беше несомнено голем. Така S & P500, најголемиот и најважниот берзански индекс во Америка, порасна за 50% откако Трамп ја презеде функцијата – и покрај пандемијата. И Дау Xонс и Насдак постојано поставуваа нови рекорди.

Спротивно на тоа, економијата на САД сè уште „стенка“ под товарот на кризата. Ниту Трамп го стави под контрола коронавирусот, ниту пак е на повидок друг деловен пакет. Се чини дека затоа не само што гласачите се одвраќаат од тоа, како што покажуваат анкетите на јавното мислење, туку и американските инвеститори.

Промена на расположението на инвеститорот

„Пазарите не само што се обложуваат на Бајден сега, тие дури се надеваат и на победа на демократите“, рече Најџел Грин, основач и шеф на фирмата за финансиски консултации „деВере груп“. За инаку конзервативниот Вол Стрит, ова е прилично необична промена на начинот на размислување. Бајден, вистина е, ветува инвестиции во американската економија кои се мерат во милијарди, но истовремено тој сака повисоки даноци и поголемо регулирање на пазарот.
„Победата за демократите обично има негативни последици врз пазарите, но и покрај тоа овие денови ништо не е нормално“, вели Грин.

Она што на инвеститорите сега им треба е стабилност и безбедност, вели Крис Мајерс, претседател на финансиска консултантска фирма „Сигнам Глобал“. „Луѓето едноставно се истоштени“, изјави тој за радиото НПР. Точно е дека берзите достигнаа нови рекорди, но на Волстрит му е доста од начинот на управување на Трамп. „Тешко е да се донесат среднорочни или долгорочни одлуки за капитални инвестиции, ако не се знае која следна одлука ќе ја донесе Белата куќа“.

Инвеститорите првенствено се надеваат на она што се нарекува „Син бран“. Тоа е сценариото според кое Демократите не само што ќе победат на претседателските избори, туку и повторно ќе го освојат мнозинството во Сенатот. Тоа би ги ставило и Конгресот и Белата куќа во нивни раце. Одлуките за економска политика, како што е прифаќањето на друга економска програма вредна милијарди долари, на тој начин би биле забрзани.

Помалку расправии со Кина

Во меѓувреме, инвеститорите се подготвени да прифатат зголемување на данокот и воведување на построги правила за трајно закрепнување на економијата, тврди Грин. Сигурна политика и намалување на интензитетот на кавгата со Кина може дури и да ги надоместат тие товари. Покрај тоа, пакетот на инвестиции на Бајден во инфраструктура и вкупно поголеми државни трошоци може да и овозможи на економијата повторно да започне да расте, а со тоа и приходите на бројни компании. Ова може да доведе до зголемување на цените на акциите на долг рок.

Експертите од германската банка „Дојче банк“ сметаат дека победата на демократите е „најверојатна“. Затоа инвестициите во циклични акции во моментов растат на Вол Стрит, односно на оние кои имаат корист од економскиот раст. Додека технолошките акции и обврзници продолжуваат да паѓаат, интересот за инвестирање во обновлива енергија, градежни материјали и индустриски акции расте. Сите овие сектори би можеле да имаат корист од можниот претседател Бајден, кој ветува повисоки стандарди во заштитата на животната средина и големи инвестиции во американската инфраструктура.

Финансиската елита му помага на Бајден

И Вол Стрит е подготвен да му помогне на Бајден. Ретко, донациите на финансиската елита за изборната кампања биле толку големи како оваа година. За прв пат по десет години, банките и инвестициските фирми дадоа поголеми донации за демократите отколку за републиканците.

Тинк-тенк центарот за одговорна политика (ЦРП) наведува дека од почетокот на годината, финансиските куќи донирале 265 милиони долари на демократите – што значи скоро сто милиони повеќе отколку на републиканците. „Обично финансискиот сектор се смета за сигурен извор на пари за Републиканската партија“, потсетува Сара Браинер, директор за истражување и стратегија на ЦРП. „Во овој изборен циклус, трендот е обратен“.

Можеби Џо Бајден е лично одговорен за фактот дека Демократите во моментов имаат толку силна поддршка од финансискиот сектор. Од почетокот на неговата политичка кариера до 2009 година, сега 77-годишниот политичар во Сенатот ги застапуваше интересите на сојузната држава Делавер – позната по својата даночна политика прилагодена на деловните активности. Потоа се истакна како лобист за финансиски куќи и компании кои издавале кредитни картички.

„Делавер е дом на голем број големи компании наведени во Вол Стрит со кои Бајден има добри односи и кои му веруваат“, рече Сара Браинер. И токму затоа Трамп на својот предизвикувач му го даде прекарот Quid pro Joe, што може да се преведе како Џо, попознат како „услуга за услуга“.

Слични содржини