Волф: Го испуштивме Верстапен, погледнете каде е сега

од Vladimir Zorba
243 прегледи

Тото Волф, првиот човек на Мерцедес, изјави дека имале разработен план за моментот кога Луис Хамилтон ќе ги напушти нивните редови.

Австриецот изјави дека причината поради која потпишале договор со Хамилтон, седумкратниот светски шампион во Формула 1 само две години, е тоа што сакаат да имаат отворено место за 17-годишниот Андреа Кими Антонели.

Нему би требало да му се даде празното место кога Хамилтон ќе замине во Ферари следната година, а Волф изјави дека не сака да ја повтори грешката од минатото.

„Бевме во ситуација кога можевме да му дадеме шанса на Макс Верстапен, но тоа не се случи бидејќи ги имавме Хамилтон и Розберг и едноставно немавме место во кокпитот, а Ред Бул ја искористи шансата. Му дадоа договор со Торо Росо, со опција следната сезона да вози за Ред Бул. Го загубивме, а сега гледате колку е успешен“, изјави Волф.

Првиот човек на Мерцедес го вели следново за Антонели.

„Имаме јуниор кој вози на многу високо ниво и сакаме да имаме отворена опција тој да седне во болидот. Секако, тоа не значи дека тој ќе биде еден од возачите следната сезона, има само 17 години и можеби е прерано. Но, ако ги погледнеме следните пет или десет години, сакам да ја имаме таа опција“.

Новата сезона во Формула 1 започнува во четврток со тренинзи за Големата награда на Бахреин. Трката е закажана за сабота во 16 часот.

Слични содржини