Иницијативата за Виенската мировна конференција за Сирија требаше да дојде од Европската унија, а не од некоја друга сила. Мигрантите денес не се во Вашингтон пред Белата куќа и не се во Москва пред ѕидовите на Кремљ. Сириската криза и миграциското прашање Тие пристигнуваат во ЕУ, нивните автобуси поминуваат покрај зградата на германскиот канцелар во Берлин. ипингерА ние тука седиме и чекаме САД заедно со Русија да преземат иницијатива.Го поставувам следново прашање – зошто на ЕУ не му стиска да заземе став во исклучително драматичната за него миграциска криза – ние сме над 500 милиони, три пати повеќе од населението на Русија. Ние сме силна во економска смисла држава. Нашата безбедност е загрозена. Зошто ние не ги повикуваме на конференција? Земјата-домаќин во Виена треба да биде ЕУ. Станува збор за Сирија, но и за нашата сопствена безбедност, тука, во Европа! Во надворешната политика посакуваното не е секогаш изводливо. Вие не можете да се занимавате со надворешна политика како свештеник, кој се објавува во поддршка на верските права . Не е доволна моралната позиција, потребна е стратегија, како ќе ги остварите вашите цели. Во однос на Сирија целиот Запад сакаше оставката на Башар Асад. Но слоганите не можат да ги заменат стратегијата која отсуствува до ден-денешен. Тоа е голема грешка. На нас не ни останува ништо друго освен заедно со рускиот претседател да најдеме начин да ја прекинеме војната во Сирија и да доведеме на власт друга влада. Гледам дека и Русија во одреден степен е подготвена за тоа. Нашата иднина е ЕУ, а не раздробеността од XIX век Потребна ни е одговорна политика, која треба да ни објасни дека во наредните години и децении нема да е подобро, а дури полошо, ако Европа не се сретне  и не се развие заедничка стратегија. Постојат не само проблематични држави на Блискиот Исток. Во Африка бројот на населението оди кон 2-3 милијарди луѓе.

бегаллаИсклучено е овие луѓе да имаат нормални услови на живот, ако не инвестираме повеќе во овие региони. Поради оваа причина, бројот на мигрантите кои потенцијално ќе се стремат на Север по 10 години ќе биде многу поголем отколку што е денес. Луѓето ќе бегаат од војни, од климата, од сиромаштијата. Долгорочната политика на безбедност треба да се зафати со ова сега. Кој не сака милиони мигранти да дојдат кај нас, мора да дејствуваат веднаш. Јасно е дека за таа цел ќе бидат потребни многу пари, како и за економската стабилизација на Украина, која исто така е стратешки важна тема за Европа.

За ЕУ 2016 ќе биде најтешкиот година во неговата историја. Ќе продолжи решавањето на сириската и украинска кризи, но тие нема да бидат трајно изрегулирани. Бидејќи за нивната одлука ќе бидат потребни смирување во  Унијата и силен американски претседател. Во последната година од мандатот на Барак Обама едвај ќе се случи нешто големо. Владимир Путин, ако е подготвен за стратешка договор со Вашингтон, најверојатно ќе претпочита да ја склучи со следниот американски претседател. Односно ние ќе треба да чекаме до 2017 година, за да вго идиме рестартирање и да се избавиме од некои проблеми. Со други зборови светот ќе остане многу опасен, ние треба сами да се погрижиме за себе.

бег герГерманија мора да ја направи Европа посилна и обединета! Заканата од нуклеарна конфронтација е голема Изгледите не се добри. Одамна предупредувам за можноста од ненамерна воена ескалација. Инцидентот со рускиот ловец Су-24 крај турско-сириската граница покажа дека тоа не се фантазии. Што би можело да се случи ако Русите премногу насилно беа реагирале на овој чин и беа симнале американски авион? Тоа можеше да стане причина за голема воена катастрофа. Поранешниот американски министер за одбрана Вилијам Пери смета дека во моментов опасноста од нуклеарна конфронтација е највисока по распадот на Советскиот Сојуз. Јас, исто така ја  делам оваа гледна точка. За жал во почетокот на 2016 година, ние сме сведоци на најопасната ситуација во светот од крајот на Студената војна.

……

Волфганг Ишингер е еден од најдобрите специјалисти во областа на светската надворешна и внатрешна политика во сферата на безбедноста. Тој беше амбасадор на Германија во Вашингтон и Лондон. Од 2008 година  ја предводи Минхенската конференција за безбедност, а од 2015 година раководи и комисијата на ОБСЕ за прашањата на европската безбедност. Текстот е дел од негово опширно интервју дадено за “Ди Велт”.

Слични содржини