Volkswagen, BMW и Porsche се во голема опасност поради Доналд Трамп

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Нема да бидат само кинеските производители погодени од увозните царини што Доналд Трамп може да ги воведе за време на неговото претседателствување. Германските производители на автомобили, исто така, би можеле да загубат повеќе од 10 отсто од тековната оперативна добивка, предупредуваат експертите.

Иако Трамп се уште не ја презеде функцијата, а камоли да воведе царини, тој сериозно најави дека ќе го стори тоа, а странските производители на автомобили мора многу сериозно да ги сфатат овие закани.

Само германските марки извезуваат 583.000 автомобили од Европа во САД и дополнителни 343.000 од Мексико секоја година. И бидејќи многу од тие речиси еден милион возила имаат високи цени, наглото зголемување на царината од сегашните 2,5 проценти на околу 12,5 проценти може да се покаже како опасен удар. Аналитичар од инвестициската банка „Stifel Europe“ сугерираше дека германските производители на автомобили би можеле да претрпат пад на профитот меѓу 11 и 15 проценти поради сето ова, пишува германскиот финансиски магазин Handelsbaltt.

BMW останува позитивен во однос на иднината на своите продажни операции во САД, и со добра причина: како и Mercedes и VW, има предност да има свои фабрики во САД. Додека сите три производители на автомобили сè уште извезуваат илјадници автомобили во САД, тие би можеле да го намалат и наместо тоа да го зголемат бројот на возила што ги произведуваат во САД.

Но, прогнозите за другите брендови се помалку розови. Секое Porsche продадено во САД се извезува од Европа, а најпродаваниот модел на Audi во Америка е мексиканскиот Q5, кој зазема една третина од продажбата. Трамп „го има пикот“ на Мексико, па дури и предложи да се примени царина од 200 отсто за автомобилите кои доаѓаат од Мексико во САД. BMW и VW исто така произведуваат автомобили во Мексико, како и Toyota, GM и Ford, но за разлика од тие марки, Audi и Porsche немаат фабрика во САД.

Како што забележува Handelsblatt, оваа неизвесност во САД не можеше да дојде во полошо време. Со години САД и Кина беа најголемите извозни пазари за германските возила, а сега, заедно со падот на нивната продажба во Кина, може да пристигне уште еден тежок удар.

Слични содржини