
Volkswagen I.D. R EV постави нов апсолутен рекорд на познатата траса Пајкс пик откако електричниот прототип го победи досегашното топ достигнување при искачувањето за цели 15 секунди.
Со 680 коњски сили моќност во својот тркачки автомобил, Ромен Дима регистрира време, што е за 15 секунди подобро од рекордот на патеката, и на тој начин забележа ново најдобро достигнување – 7 минути и 57.148 секунди – како за електромобил, така и за автомобил со стандарден мотор.
Последниот пат кога видовме автомобил на Volkswagen на оваа планина, беше во далечната 1987 година. Тогаш уникатната Group B Golf рели машина со еден мотор за предните тркала и втор за задните го нападна врвот, но оштетување не овозможи да заврши само неколку стотини метри пред финалето.
Volkswagen I.D. R EV тежи околу еден тон, заедно со неговиот возач. Моделот се смета за претходник на новите електрични автомобили на германскиот електричен автомобил. I.D Crozz ќе биде лансиран во 2020 година како е-кросовер, додека I.D. Buzz и I.D. Vizzion се очекува во 2022 година.
https://www.youtube.com/watch?v=UFPhSG1Ti0Q