Volkswagen продаде повеќе колбаси од автомобили

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Во 2015 година германската компанија Volkswagen има продадено 7,2 милиони пакувања со свои колбаси, наречени “кривурст”. Тоа е за речиси 1,4 милиони единици повеќе од реализираните продажби на овој период автомобили, соопштува “Зидојче цајтунг”.7dead4532c5bba17fddeb4ffc90807f6

Всушност кривурст претставува колбас со ситно сечкано свинско месо. За прв пат тој е подготвен во Берлин, а се продава со кечап или со доматна паста, обоена со кари.

Ова не е прв случај кога колбасите на германската марка се пред по продажба нејзините автомобили. Во 2014 година резултатот беше 7,8 милиони продадени кривурста против 6,12 милиони возила.

Компанијата Volkswagen започнува производство на колбаси во 70-тите години на минатиот век. Првично е создадено претпријатие, чија цел е да ги храни работниците од фабриките на брендот, но подоцна колбасите почнуваат да доаѓаат во супермаркети, како и на стадионот на фудбалскиот клуб “Волфсбург”.

На сите пакувања со колбаси, производство на автомобилскиот гигант, е ставен натпис VW Original Part што се преведува како “оригинален дел Volkswagen”.

Германската компанија произведува исто така кечап и сосови, а Ford нуди под својот бренд јаглен.