Володимир Зеленски: Дејствувањето на украинското воздухопловство во делови од земјата е незадоволително

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека функционирањето на украинските воздухопловни сили во одредени делови од земјата е „незадоволително“, нагласувајќи дека веќе се преземени чекори за подобрување на одговорот на масовните руски напади со дронови врз цивилни подрачја.

од desk4
16 прегледи Фото: Фејсбук/Володомир Зеленски

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека функционирањето на украинските воздухопловни сили во одредени делови од земјата е „незадоволително“, нагласувајќи дека веќе се преземени чекори за подобрување на одговорот на масовните руски напади со дронови врз цивилни подрачја.

Зеленски посочи дека руските воздушни напади во последните месеци се интензивно насочени кон енергетската инфраструктура на Украина. При тоа се оштетуваат далекуводи и топловоди, што доведува до прекини во снабдувањето со струја, греење и вода, особено во услови на исклучително студена зима во Источна Европа.

Војната што Русија ја води против делумно окупираната Украина влезе во својата петта година, а засега нема индиции за пробив во мировните преговори што се водат со посредство на Соединетите Американски Држави.

Украинскиот претседател најави дека се планираат средби меѓу руската и украинската делегација „во блиска иднина, најверојатно во САД“.

Зеленски информираше и дека разговарал со министерот за одбрана и со командантот на воздухопловните сили за мерките што треба да се преземат за поефикасен одговор на руските воздушни напади, без да наведе конкретни детали.

Според украинската војска, само во текот на изминатата ноќ Русија истрелала 328 дронови и седум ракети кон украинска територија, при што биле соборени 297 дронови. Во нападите загинала една лица во Дњепропетровската област, а две лица биле повредени.