Волонтерска акција на вработените на Империал тобако ТКС

од desk4
99 прегледи

 

 

Бојадисани справите за вежбање на кејот на Вардар

Вработените во Империал Тобако ТКС ги бојадисаа сите справи за вежбање кои се наоѓаат на три локации на кејот на Вардар во Скопје.

Во рамки на волонтерската акција на вработените на компанијата обновени се и заштитени инсталациите за физичка рекреација во близина на мостот „Близнак“ во општина Аеродром, покрај „Градската плажа“ во Градски парк, општина Центар и кај мостот на булеварот „8. Септември“ во општина Карпош. Акцијата е изведена во соработка со Град Скопје.

Дополнително, учесниците во акцијата го собраа и целокупниот отпад околу споменатите локации за вежбање кои фрекфентно се користат од голем број жители на главниот град.

Оваа акција е дел од пошироката Програма за волонтирање на групацијата Империал Тобако – Империал Волонтери (Imperial Volunteers) – која се спроведува во сите земји каде постојат нејзини деловни операции, вклучувајќи ја и Македонија. Слични волонтерски акции на вработените на Империал Тобако ТКС се реализираа и изминатите години, а оваа општествено одговорна практика ќе продолжи и во иднина.