Изборите во Израел така и не доведоа до прогнозираната промена во власта и Бенјамин Нетанјаху остана премиер. Според Бетина Маркс од ова нема да произлезе ништо добро ниту за Израел, ниту за Блискиот Исток во целина.

0,,18322165_303,00

Бенјамин Нетанјаху успеа. Со грандиозен финален спринт во изборната кампања тој обезбеди импресивна победа за својата партија Ликуд. Буквално во последен момент Нетанјаху успеа повторно да ги привлече на своја страна гласачите од десниот политички спектар и да го остави зад себе претендентот за премиерската функција Јицак Херцог. Кон полноќ Херцог и поранешната министерка за надворешни работи Ципи Ливни веќе ја прославија победата и најавија дека ќе состават новата влада. Но токму тогаш ситуацијата почна да се менува – во текот на ноќта стана јасно дека Нетанјаху успеал да постигне значајна предност,го го оправдаат прекарот “волшебник”.

За целта и средствата

На крајот на речиси паничната изборната кампања, обележана од неповолните социолошки резултати, Нетанјаху не се срамеше да прибегне до валкани трикови и да го наруши изборниот закон. Во самиот изборен ден тој даде вонредна прес конференција на која предупреди дека “Арапите” масовно се собираат за гласање, за да спречат неговата изборна победа. Иако на денот на изборите слични настапи се забранети и пресконференцијата скоро не беше емитувана од медиумите, пораката на Нетанјаху очигледно брзо достигна до јавноста и сигурно придонело за привлекување на доволно гласови за партијата Ликуд. Бидејќи многу Израелци едноставно не можат да замислат дека Палестинците со израелски пасоши би можеле да се мешаат во политиката на “еврејската држава”.
Всушност одѕивот на палестинското малцинство во Израел / 20 проценти од населението на земјата / беше изненадувачки висок и така Обединети Арапски листи успеа да освојат 14 мандати и да стане трета по сила фракција во Кнесетот. Но овој успех, макар и импресивен, нема да го промени фактот дека Израел исповеда ултранационалистички светоглед, кој не признава еднакви права ниту на палестинското малцинство во Израел, ниту на Палестинците во окупираните територии.

Крајот на окупацијата не се појави

Изборниот резултат го зацементира патот на Израел кон меѓународна изолација – избирачите го дадоа својот глас за продолжување на досегашниот политички курс. А тој не води никаде и не дава одговор на најитните и составни прашања за Израел и регионот. Непосредно пред изборите Нетанјаху најави дека требало да стори сé што е можно за да го спречи создавањето на палестинска држава. Таа категорично порака, која е во целосна спротивност со барањата на меѓународната заедница, можеби исто така придонесе за изненадната победа.

Претседателот на Ликуд т не објасни како ја замислува иднината. Очигледно мнозинството Иго дозволат правото на самоопределување на Палестинците во окупираните територии. Со други зборови: крај на речиси 50-годишната окупација не се појави. Исходот од изборите во Израел не е добар ниту за израелската демократија, ниту за иднината на луѓето во регионот.

Слични содржини