Волстрит џурнал :Богоевски по сведочењето веднаш бил ставен во затвор

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Ден по Божик минатата година, помошникот на главниот адвокат за судски постапки на Комисијата за хартии од вредност и размена (СЕК), зацрвенет во очите, се качи на лет за Македонија за да се сретне во Скопје со поранешниот шеф за контраразузнавање, заради наводна широко-распространета корупција во власта, пишува Волстрит џурнал, пренесува Утрински весник.

ab0e24e7-cf95-4ab0-9e7d-0dd7c8261176-1024DDD3D3344C459E52F8223CDEFE74

Неговиот разговор ќе направи пробив во она што беше ослабен граѓански случај во кој се тврдеше дека поранешни директори на „Маѓар телеком АД“, унгарска единица на „Дојче телеком“, ги прекршиле законите за поткупување и за хартии од вредност, за да се спречи конкуренцијата да влезе на пазарот за телекомуникации во Македонија. СЕК ги обвини поранешните извршни директори на „Маѓар“, Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Морваи. Нивните адвокати негираа дека клиентите сториле незаконско дело, но не одговорија на барањата за коментар за оваа сторија.

(..)

Во Македонија, Роберт Доџ од СЕК имаше пет и пол часовна средба со Слободан Богоевски, поранешен директор за безбедност и контраразузнавање на Македонија, се дознава од судските документи. Богоевски и’ дал потпишани договори и други документи на СЕК во врска со наводното подмитување, додека во неговото сведочење пред Доџ има и детални тврдења за обемна корупција во власта.

Поранешниот директор за безбедност рекол дека лично учествувал во шема за поткупување и дека добивал закани за неговиот живот и животот на неговите деца, откако разговарал со локален весник за ова прашање, се дознава од исказот на Доџ и други судски документи. Тој почнал да зборува додека се соочувал со затворска казна од две години за перење на пари.

По разговорот, Доџ организирал официјално сведочење под заклетва на Богоевски преку видеоконференција. Локален адвокат пријави во СЕК дека веднаш по завршното сослушување на Богоевски во февруари, „македонската полиција пристигнала во домот на Богоевски и го притворила. Според моите сознанија, тој и натаму е во затвор“, напиша Доџ во својата судска изјава потпишана во мај и објавена минатиот месец.

Наводите беа шок за Македонија, што ги натера официјалните лица да негираат нивна вмешаност во корупција и поттикнувајќи повици за истрага од владата. Во изјавите се посочуваат некои од првите поранешни функционери на земјата и партиски лидери, за кои Богоевски тврдеше во неговото сведочење и интервјуа во медиумите, дека сите биле инволвирани во заговор за подмитување, со цел телекомуникациските конкуренти да се држат надвор од земјата и покрај мандатот за либерализација.

Богоевски веќе не бил шеф за безбедност во времето на наводната шема, но рече дека советувал владини лидери и олеснувал состаноци меѓу клучните играчи. По објавувањето на сведочењето, поранешни функционери именувани од Богоевски негираа во локалниот печат дека извршиле незаконско дело.

(..)

Ако случајот продолжи по предлог на СЕК за сумарна пресуда би можел да се најде на суд идната година.